Пејачката Бритни Спирс ужива на јахта со своето 25-годишно момче Сем Асгари. Папараците ги снимиле двајцата како ја копираат сцената од филмот „Титаник“, со Леонардо ди Каприо и Кејт Винслет. 37-годишната пејачка носела жолто-црно бикини.
Бритни Спирс во моментов прави пауза од музичката кариера. Пејачката неодамна излезе од психијатриска болница, а во јавноста актуелна е борбата со нејзините татко, кој е нејзин старател на кого судот му дал обврска да води сметка за нејзиното здравје.
Откако пејачката доживеа нервен слом пред десет години, нејзиниот татко Џејми е задолжен и за целиот нејзин имот. Но, во договорот за гриж, Џејми немал право и овластување да ја смести пејачката во установа или да ѝ дава дрога без нејзина согласност. Спирс неодамна им порача на фановите дека е способна самата да се грижи за себе.