Куба Гудинг Јуниор нападнал жена во ноќен бар

Непозната жена го пријавила актерот Куба Гудинг Јуниор дека ја нападнал во еден клуб во Њујорк. Таа изјавила дека Куба сексуално ја нападнал во барот Magic Hour Rooftop Bar and Loungue во вечерните часови.

Поради ваквиот напад актерот сега се соочува со казна затвор.

„Може да биде уапсен. На детективите е да одлучат како целиот случај ќе продолжи“, изјавил извор близок до актерот за медиумите.

Засега службите го немаат откриено името на жената која го пријавила Куба. Медиумите пренесуваат дека станува збор за 30 годишна девојка.

Оскаровецот се има појавено во голем број на филмови меѓу кои и „Чесни луѓе“, „Радио“, „Жестоки момци“ и други. За улогата во филмот The People v. O.J. Simpson номиниран е во 2016 година за „Еми“ наградите.

Медиумите пишуваат дека Куба во последните неколку години доживеал тешки моменти во приватниот живот. По 22 години брак, во 2017 година, тој се развел од учителката Сара Капфер со која бил во врска уште од средношколските денови. Заедно ги имаат синовите Спенсер и Масон, и ќерката Пипер.

Неколку месеци по разводот, тој го пронашол неговиот татко, познатиот пејач и актер Куба Гудинг Сениор, мртов во својот автомобил.

 

Scroll to Top