Супермоделот Наоми Кембел се соблече гола на 49 години за фотосесија за „Вог“. Сликањето се одржа среде пустина во Кенија. Моделот сподели една слика од фотосесијата на „Инстаграм“ и доби бројни комплименти за изгледот.
Голата слика не е случајна, бидејќи неодамна во интервју Наоми изјави дека и покрај нејзината убавина и статусот на топ-модел, ѝ биле потребни години за да добие самодоверба, да си го сака своето тело и да се чувствува добро во него.
„Ми требаше долго време да го прифатам моето тело и да се чувствувам пријатно во мојата кожа. Тоа е самодоверба што доаѓа со возраста. Вистината е дека едвај неколку години се чувствувам навистина во мир со себе и својот изглед. Отсекогаш имав комплекси и бев несигурна“, рече Кембел во интервјуто.