Водителката Тамара Грујиќ е бремена

Тамара Грујиќ, водителката и автор на емисијата „Во акција со Тамара“, е бремена. Веста за бременоста неодамна ја споделила со најблиските пријатели, кои за „Блиц“ велат дека Тамара е во петти месец и дека таа и нејзиниот сопруг Вук се пресреќни што ќе станат родители.

„Кога дозна дека е бремена, не можеше да ја скрие среќата. Веста долго време ја знаеја само нивните семејства, а сега ја сподели и со пријателите. Таа и Вук со години се обидуваат да станат родители“, рекол нејзин пријател за „Блиц“.

Тој додал дека заради бременоста, Тамара барем една година ќе прави пауза со снимањето на емисијата и нема да реновира куќи низ Србија.

„Нејзиното темпо на живот е многу брзо и не е навикната да има слободно време или да седи. Ја мотивира и тоа што со својата работа ги усреќува другите. Сепак, ќе мора да запре штом ќе ја заврши оваа сезона и ќе оди на породилно отсуство, а по раѓањето на бебето ќе реши што понатаму“, рекол тој.

Ова е прво дете за водителката која пред една година откри дека имала спонтан абортус на 33 години. Таа во интервјуто изјави дека оттогаш постојано се обидува да забремени, но безуспешно. Со сопругот Вук е во брак од 2012 година.

Тамара Грујиќ имала спонтан абортус

 

Scroll to Top