Капитенот на европскиот фудбалски клуб „Реал Мадрид“, Серхио Рамос, синоќа во Севиља се венча со својата долгогодишна девојка, Пилар Рубио. На венчавката што се одржа во катедралата во Севиља дојдоа многу поранешни и сегашни светски фудбалски ѕвезди.
Меѓу гостите беа соиграчите на Рамос од Реал, во друштво на своите сопруги, Лука Модриќ, Хесус Навас, Алваро Мората, но и пријателите на Рамос од „Барселона“: Серхио Бускетс, Џорди Алба, Санти Казорла, Пепе Реина. На „свадбата на годината“, како што ја нарекуваат во Шпанија, дојдоа и неколку фудбалски легенди, меѓу кои и Дејвид Бекам, Предраг Мијатовиќ, Роберто Карлос, Фернандо Јеро и други.
Според шпанските медиуми сите гости на сведбата пред влезот во катедралата морала да ги остават своите мобилни телефони, поради тоа што младенците забраниле да се снима нивната свадба.
Рамос и телевизиската водителка Пилар се во врска од 2013 година и имаат три сина.