Македонската пејачка Ленче Кукиќ повторно воодушеви во музичкото шоу „Никогаш не е доцна“. Таа во полуфиналето ја испеа песната „Париски локал“ од Лепа Брена, па ги занеме сите во студиото, и публиката и жирито.
„Ленче, не можам да ти се изнаслушам, колку лесно ја испеа песнава“, ѝ рече Драгана Катиќ.
На ова се надоврза и Тијана Дапчевиќ, која и минатата сезона беше дел од жирито на популарното шоу.
„Не дека си наша, ама растури“, рече пејачката.
Според српските медиуми, Ленче е еден фаворитите за победа во музичкото шоу во кое пред неколку години победи нејзиниот сопруг, Горан Кукиќ.