Холивудската глумица Селма Блер, која лани откри дека боледува од мултипла склероза, објави слика на која нејзиниот 7-годишниот син Артур ја бричи нејзината глава.
„Луѓе, им се враќам на корените“, напишала глумицата на својот инстаграм-профил.
„Ја направив истата работа пред неколку недели. Ја избричив цела коса. Сè уште се навикнувам на тоа, но навистина е ослободувачки. Изгледаш прекрасно“, ѝ порачала една следбеничка.
Селма Блер лани во ноември објави дека ѝ е дијагностицирана мултипла склероза и дека заради болеста тешко се движи, не може да ги крене рацете и дека се чувствува како инвалид.
„Имам мултипла склероза. Инвалид сум. Понекогаш паѓам и ги испуштам работите од раце. Сеќавањата ми се како низ магла. Со години имав симптоми, но не ги сфаќав сериозно сè додека не паднав пред еден пријател кој ме натера да одам да се прегледам. Мислев дека станува збор за вклештен нерв. Од оваа неизлечива болест веројатно боледувам најмалку 15 години“, рече тогаш Блер.