Радомир Новаковиќ, сопругот на поп-пејачката Гоца Тржан, утрово предизвикал сообраќајна несреќа. Во автомобилот била и пејачката, но во несреќата не е направена голема материјална штета и никој не е повреден. Гоца, наводно, збеснала поради невниманието на сопругот и почнала да вика по него и едвај се смирила, пишува „Блиц“.
„Раша управуваше со возилото, а на совозачкото местона седеше Гоца. Раша возеше по улицата на која живеат и не застана на знакот ‘стоп’, па удри во друг автомобил, кој го возеше жена. Тие повикаа полиција, се направи и бидејќи Раша е виновен за несреќата, тој ќе ги сноси сите трошоци“, рекол извор близок до двојката за српскиот весник.