Американскиот дизајнер Ралф Лорен доби Орден на британската империја за заслуги во областа на модата, напиша „Асошиејтед прес“. Наградата на 79-годишниот Лорен му ја врачи принцот Чарлс на приватна церемонија што се одржа во Бакингемската палата.
Ралф Лорен е првиот американски дизајнер кој ја добива оваа награда. Дизајнерот вели дека секогаш црпел инспирација од британските историја, традиции и култура, за своите дизајни.
„Тоа што ме удостоивте со почесно витештво е исклучително посебен момент во мојата 50-годишна кариера во модата“, рекол Лорен.