Српската пејачка Александра Живојиновиќ синоќа за време на големото финале во 13. сезона во „Ѕвездите на Гранд“ ја претстави својата нова песна „Богата сиротиња“.
Во проѕирен црн фустан пејачката излезе на сцената, а ја следеа виолинист и пијанист на клавир.
„Како што ви ветив, еве уште една нова песна, која морам да признаам на прво слушање го освои моето срце. Се надевам дека ќе ги освои и вашите. „Богата сиротиња“ е пред вас“, порача Александра