Вљубена двојка од Белград, ги удри гром додека имале секс под жална врба на белградска Ада Циганлија, пренесува „Србија данас“. До несреќата дошло когазавчера Белград го зафати големо невреме, па од гром настрадаат Бојан З. (33) и Мирјана М. (36) . Екипа на Итната медицинска помош ги однела во болница целосно голи и со опекотини. По укажаната помош, Бојан бил пуштен дома, додека Мирјана била задржана на лекување. Дежурниот лекар потврдил дека таа е сместена на интензивна нега, но не е во животна опаснст.
Но, овде приказната не завршува. Непосредно по приемот на повредените љубовници, во болнцата се случил скандал.
Во болницата дошол млад господин и се распрашувал за здравствената состојба на повредената Мирјана. Од персоналот на болницата му кажале на кое одделение е, но и го замолиле да ја преземе нејзината гардероба. Но, меѓу женската облека нашол и машка. Кога му рекле дека тие работи му припаѓаат на мажот на Мирјана, тој извикал: „Па, јас сум нејзиниот маж“. Тогаш разбрал дека неговата сопруга за време на несреќата водела љубов со колега од работа.