Најбогатиот Французин, генералниот директор на LVMH Бернар Арно (80) се приклучи на листата на најбогатите тројца во светот, чие богатство надминува над 100 милијарди долари.
По Џеф Безос и Бил Гејтс, Арно се најде на третата позиција според индексот на Блумберг. Неговото богатство се проценува на 100.4 милијарди долари. Арно го истисна од првата тројка Ворен Бафет.
За својот голем скок на листата на најбогати лица, може да се заблагодари на растот на цената на акциите на LVMH, од други 43%, а само оваа година неговото богатство пораснало за речиси 32 милијарди долари.
Инаку богатството на Арно од 100.4 милијарди долари, изнесува дури три проценти од француската економија. Арно контролира речиси половина од познатиот француски моден ланец во чија групација се: „Луа Витон“, „Дом Перинјон“, „Хенеси“, „Сефора“, „Селин“, „Диор“, „Фенди“, „Кензо“.
Арно е сопственик и на францускиот весник „Паризијен“, а во негов посед е и „Л’Еко“ кој со симпатии пишувал за протестите на „Жолтите елеци“ во Париз.
Според некои проценки, Арно ги организирал „Жолтите елеци“, за да го собори Макрон, кој, како што многумина тврдат и го донел на власт и на тој начин го ослабнал Ротшилд.
Како што наведуваат одредени теоретичари на заговор, Арно е венчан кум на Никола и Сесилија Саркози, а медиумите пренесуваат дека втората жена на Саркози, поранешната манекенка Карла Бруни и љубителка на брендот „Ив Сен Лорен“, успеал да ја облече во „Диор“.
Кога социјалистот Франсоа Оланд го замени Саркози на местото на лидер на Франција, Арно аплицирал за белгиско државјанство, но се откажал и објавил дека ќе продолжи да плаќа данок во својата татковина.
Арно е роден во семејство на богати индустријалци, дипломирал на парискиот политехнички факултет, кога му се приклучил на бизнисот на татко му.
За Арно е познато дека обожава тенис, се труди да води здрав живот, а го опишуваат како перфекционист, пријател на уметноста и колекционер на голем број на уметнички дела. Во неговата соба има слики од Ворхол и Пикасо.