Бејхан Рамов од Македонија победи според смс гласовите во музичкото шоу „Никад није касно“. 45-годишниот ѕидар од Битола освои 3737 гласа од смс пораките. Тој вечерва во финалето на музичкото шоу ја пееше песната „Ти ниси била то“ од Шериф Коњевиќ. Бејхан откри дека оваа песна ја избрал оти била омилена на неговата мајка.
Втора според публиката беше македонската претставничка Ленче Кукуќ, која освои 3694 гласа. Трета беше Милица Војиниќ од Црна Гора, која е Македонка по мајка.
Во музичкото шоу вечерва ќе се изберат тројца победници, па освен според смс-гласовите, ќе се бира победник и преку фејсбук-гласањето, но ќе гласа и стручно жири.