Српскиот пејач Дарко Лазиќ и неговата свршеница Марина Гагиќ утринава станаа родители. Тие добија син кој ќе се вика Алексеј. Веста за раѓањето на бебето пејачот ја сподели на социјалните мрежи.
„Драго наше семејство, наши кумови, наши пријатели, наши познаници. Денеска во 7.15 часот на овој свет дојде нашиот мал ангел, нашиот син Алексеј. Така да сакаме оваа радосна вест да ја поделиме со вас, голем подрав“, напиша тој.
Ова е второ дете на Лазиќ. Тој од претходниот брак, со пејачката Ана Севиќ, има ќерка. Дарко и Ана официјално се разведоа минатата недела.
Освен со разводот, пејачот последните неколку месеци во јавноста беше актуелен и заради сообраќајката, кога по настап, возејќи пијан, со колата се преврте на автопат. Лекарите му направија десетина операции и неколку недели се бореа за неговиот живот.