Сите барем еднаш сте го имале чувство дека во врската сѐ е на свое место, односно дека секој ден е ново уживање со партнерот. Уживвате во разни патувања, насмевки, чувствувате неопислива среќа и имате потреба да не се одвојувате од него ниту за момент.
После некое време сваќате дека не сте сами и дека треба да се вратите во реалноста.
Сфаќањето дека сте претерале во својата фантазија и зададените очекувања не значи дека треба да ја раскинете таквата врска. Потребно е малку да се одалечите и со ладна глава да размислите на кој начин да се тргнете од опсесијата.
Вашата врска е главна и единствена тема во друштво
Дури и кога ќе прифатите да се одвоите од партнерот, не престанувате да зборувате за него. Вашето друштво одново и одново ги слуша истите приказни како сте се запознале, која блуза тогаш ја носел, што сте му рекле, што ви одговорил, што спремила неговата мајка првиот пат кога сте отишле на неделен ручек.
Еднаш, втор пат, трет пат, и друштвото сфаќа дека вашето гледање со него станува шаблон, всушност вие се собирате и само вие „држите збор“ со константно зборување за вашиот партер и за тоа колку ви недостига кога не сте заедно.
Го прогонувате и преслушкувате партнерот
Преголемата желба постојано да сте со вашиот партнер може да остави кај него впечаток дека го гушите и дека сакате да го контролирате. Пред да почнете да го следите и пред да ви паднат на памет прислушчувачите, запрашајте се што се случува со вас и пробајте да направите самоанализа.
Пријателите ве сакаат, но не мора на секое ваше гледање да ги слушаат вашите приказни и затоа ве советуваме да пробате да учевствувате во животите на другите луѓе. Запрашајте ги своите пријатели како се, сослушајте ги, можете да се обидете скришно да му пратите бакнеж на вашиот партнер, доколку сте во друштво со оние кои не мора да знаат дека сте го сториле тоа.
И тоа е многу подобро од преземањето драстични мери како што се прислушкувачите и шпионската опрема, без разика што нивната поплуларност секој ден е сѐ поголема кога е во прашање потенцијалната потврда за можното неверство.
Исто така, не се обидувајте да ги враќате избришаните податоци од телефонот.
Целиот ваш живот се врти околу вашиот партнер
Семејството, пријателите, колегите, како и сите останати сигурно приметуваат дека сте во облаци. Убаво е да сте заљубени, но немојте да го мешате тоа чувство со опсесија. Можете да го доведете во прашање вашиот кредибилитет ако постојано будно сонувате на работа или навредите некој од семејството со тоа што нема да се јавите на повикот или нема да се појавите на некој собир.
Потрудете се да барем да ги барате од време на време луѓето кои ви значат и воедно ве сакаат и само сакаат да слушнат што ново се случува во вашиот живот.
Вашето расположение зависи од распложението на вашиот парнтер
Немојте да дозволите да мерилото на вашата емоционална стабилост да зависи исклучиво од расположението на вашиот партнер. Со тек на време ќе се исцрпите и вашиот парнер ќе стане енергетски вампир кој секогаш ќе очекува да се тргнете некаде заедно со него. Поздраво е да се обидете да бидете порасположени и секако да ги препознаете причините за неговото незадоволство. Едно е кога постои некој голем проблем, а друго е кога не му поминал тикетот во обложовалница.
Здравата врска ги опфаќа и компромисите, но таквиот однос на долги стази е постабилен. Важно е уште на самиот почеток да препознаете дали и во која мерка сте расосни, а во која мерка сте опсесивни. Немојте да престанете да си создавате себеси ситни задоволства кои ви носат ведрина во моментите кога не сте со партнерот.