Тетка ми го смени полот за без пари

Најавата дека Фондот за здравство ќе ги плаќа операциите за менување на полот, вчера предизвика бурни реакции во јавноста. Некои ја поддржаа ваквата одлука. Повеќето, барем според реакциите на социјалните мрежи, беа незадоволни што државата ќе дава пари за менување на полот наместо за лекување на болните. Меѓу нив е и глумецот Драган Спасов – Дац, кој своето незадоволство го искажа преку хумор.

„Тетка ми имаше проблеми со кичмата и требаше да се оперира ама операцијата беше прескапа. Затоа реши да си го промени полот бидејќи оваа операција ја покрива фондот. И понатаму ја мачи кичмата, ама сега ја боли кур. Ќути и трпи,“ напиша Дац.

Не е првпат глумецот јавно да каже што мисли за ситуацијата во земјава. Но, откако вчера некои го искритикуваа дека се меша во политика, тој преку „Фејсбук“ им одговори: „Луѓето без чувство за хумор имаат дупка во животот!“

 

Scroll to Top