Ноле во филм со Шварценегер и Џеки Чен

 

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го сними краткиот филм „The Game Changers“ посветен на спортот и веганската исхрана. Тој се најде во нова улога на извршен режисер и тоа заедно со Џејмс Камерон, Арнолд Шварценегер, Џеки Чен, Луис Хамилтон и Крис Пол.

„Овој филм е инспиративен за мене и лично и професионално. Горд сум што сум дел од него и не можам да ја дочекам премиерата во септември“, напиша Ѓоковиќ на социјалните мрежи.

Филмот ќе биде прикажан на 16 септември во над 1000 кино-сали низ целиот свет.

Scroll to Top