Кејти и Орландо се подготвени за следниот голем чекор во нивниот живот заедно. Извор на „Entertainment Tonight“ открива дека двојката, која се вери во месец февруари годинава, веќе планира венчавка оваа есен и доживува вистинско задоволство околу подготовката на деталите за церемонијата.
„Тие се страшно зафатени, но во моментов наоѓаат време да гопланираат настанот. И двајцата се на исто мислење и сакаат да направат малку поинаква свадба – модерна и возбудлива“, вели близок на двојката. Една од особеностите може да биде фустанот на пејачката, која генерално сака нестандардна и ексцентрична облека.
„Таа размислува да не се придржува кон традицијата и да не носи бело. Семејството ‘се обидува да ја обесхрабри и да ја натера да се придржува кон обичаите, но тоа изгледа како да не е за неа.
Сепак тоа е денот на Кејти и Орландо, нивниот посебен момент, па затоа треба да биде по нивните правила. Двајцата се подготвени за новата страница во својот живот и сакаат семејствата и нивните најблиски пријатели да го споделат нивниот личен празник, но се уште не издаваат многу од деталите“, раскажува изворот.
Тејлор Свифт, со кого Кејти неодамна се смири по години непријателство, исто така, може да биде меѓу листата на гости. Пери и Блум веќе разговараа за ова прашање и се согласиле да ја поканат. Набргу во интервју за Радио Би-Би-Си 1, Свифт потврди дека двете пејачки ги решиле своите проблеми кога се сретнале на забава. „Откако се видовме, стана јасно дека работите се променија и освен дека сме пораснале, сме ги надминале разликите. Се потсетивме колку заеднички работи имаме“, призна тогаш Свифт.