Од завршувањето на серијата „Беверли Хилс“ поминаа 19 години, а како што е познато, актерите на големо се подготвуваат за новите епизоди . Додека фановите очекуваат што ќе се случи со популарните ликови, Шенон Доерти, која ја глуми Бренда Волш, објави заедничка фотографија со колегата Џејсон Присли, кој во серијата беше нејзиниот брат Брендон Волш.
„И само така, близнаците се вратија“ – напиша актерката под фотографијата. По ова следеа позитивни реакции и коментари.
„Ова го прави тинејџерот во мене . Многу сум среќен“, „Со години ја чекам оваа средба“, „ О, Боже, близнаците се вратија во градот“, беа само некои од коментарите.