Дарко Коцевски-Даринос, македонскиот финалисти во „Ѕвездите на Гранд“, преку фејбук-статус ѝ порача на победничката на шоуто, Џејла Рамовиќ, дека ѝ одржал час по пеење. Тој им се заблагодари и на сите што гласале за него и додаде дека е задоволен од освоеното 10. место.
„Едно големо благодарам до сите што гласаа за мене (3.900) гласови, со оглед на тоа дека воопшто не се замарав со тоа кој ќе гласа за мене (не креирав штабови за гласање и слично) зашто веќе се знаеше победникот уште не самиот почеток на ова натпреварување, за жал, а сите бевме свесни за тоа… На тој ‘победник’ јас лично му одржав час по пеење, така што публицитет и квалитет се две различни работи, но неважно… Јас лично сум презадоволен од освоеното 10-то место, се надевам и вие што гласавте за мене. А тоа што се случува со мене понатаму само Бог ќе одлучи, во суштина одлучува за сите нас без разлика колку ние луѓето форсираме некој за што било во животот… А мене ми преостанува да ви пеам на сите и да ја споделувам мојата емоција со вас драги мои. Како и да е, честитки за победникот“, напиша тој.
За потсетување, Дарко беше еден од четворицата Македонци што пееја во финалето на музичкото шоу, заедно со Мартинијан Кириловски, Филип Пецовски и Огнен Здравевски.