Пејачката Селин Дион (50) присуствуваше на модната ревија на холандската дизајнерка Ирис ван Херпен (35) на Париската модна недела. Канадската пејачка веќе неколку години ја шокира јавноста со својот анорексичен изглед, но овој пат го покажа своето најслабо издание досега.
Селин на ревијата се појави во креација на дизајнерката – плетен фустан кој ѝ запнуваше за чевлите, па пејачката не можеше да оди нормално. Но, покрај „чудниот” фустан, верните обожаватели забележаа дека пејачката е толку испиена во лицето, што можеа да ѝ се видат јаболчните коски.
„Жено, ти си навистина анорексична. Што се случува? Почни да јадеш“, беа само некои од коментарите.