Поп-пејачката Тамара Тодевска вчера ја утна македонската химна додека пееше на приемот во Амбасадата на САД, по повод 4 Јули. Пејачката додаде и испушти четири стихови од официјалната верзија на химната.
Претставничката на Евровизија погреши кај делот каде што се пее за „Гоце Делчев, Питу Гули, Даме Груев, Сандански!“, кој следеше по делот „Одново сега знамето се вее на Крушевската Република!“.
Тамара го пропушти и делот каде се пее „Горите македонски шумно пеат, нови песни, нови весници!“, дел кој следеше „Македонија слободна, слободно живее!“.
Место оригиналниот дел, Тамара ја испеа старата верзија „Старо, младо, машко и женско на нозе се кренало!“ и „Не плачи Македонијо мајко мила, крени глава гордо високо“, стихови од стари верзии на химната.
Пејачката се извини за направената грешка велејќи дека понесена од атмосферата во амбасадата ја утнала македонската химна.