(Фото) По разводот, Кајмакоски се врати во Виена

 

 

Поп-пејачот Даниел Кајмакоски, откако се разведе од сопругата Кристина Димитријевска се врати кај своите родители во Виена (Австрија) каде што живееше порано. Тој се пофали и на социјалните мрежи откаде објави и фотографии на кои е сликан со најблиските. Данел пред два месеца потврди дека се разведува со Кристина со која го имаат синот Давид. Тој тогаш кажа дека оваа одлука е најдобра за сите, дека заедно ја донеле и дека постојано комуницираат заради синот. Веднаш по разводот тој се врати и на настапите, оти претходно ја имаше запоставено кариерата.

Scroll to Top