Откако завчера на приемот во aмериканската амбасада поп пејачката Tамара Tодевска ја утна македонската химна, два дена таа е топ вест во медиумите и социјалните мрежи. Освен што ја критикуваат, некои радио станици решија повеќе да не ги пуштаат нејзините песни, а прилепчани бараа таа да го откаже настапот на пиво фест во Прилеп.
Пејачката денес јавно објави дека заради „голготата низ која поминуваат таа и нејзиното семејство“ реши да ги откаже настапите, концертот на Антички театар на 27 јули и настапот на Пиво фест во Прилеп. Уште кога „Авалон“ објавија пред неколку дена дека ќе ѝ организиираат концерт, почнаа негодувањата на публиката дека не сакаат Тамара да пее на Антички во Охрид.
„Почитувани, очигледната ненамерна грешка при пеењето на химната прерасна во вистински пекол за мене и моето семејство. Со оглед на тоа што не сакам да придонесувам за зголемување на нашата агонија како семејство и во интерес на смирување на целата ситуација која излезе вон контрола, решив да ги откажам концертите во Прилеп и Охрид. Се надевам дека оваа моја грешка, повторувам грешка, ќе успеете да ја надминете и дека ќе најдете начин да разберете дека е повеќе од ненамерна. Би сакала да се заблагодарам на сите што беа покрај мене во овие тешки мигови. Ниту сум била ниту ќе бидам дел од нечии политички игри, моето семејство е мој број еден приоритет и нивниот мир е на прво место при секој избор“, напиша Тамара на Фејсбук.