Македонската пејачка Анастасија Аврамовска најави дека подготвува две нови песни со кои годинава ќе настапи на „Охрид фест“ и „Макфест“.
Анастасија минатата година дебитираше на сцената на „Макфест“, каде завшри на 4-то место. Пејакчата вели дека е задоволна од сработеното, а песната „Ме научи да бидам своја“, од Иле Спасев стана една од најслушаните хитови.
„Музиката е тоа со кое најмногу сака да се занимава во животот. Музиката и песните се нешто што ја исполнуваат“, вели Анастасија.
„Од минатата година, уште со настапот на „Охрид фест“, а потоа и на „Макфест“ и успехот кој го имав со песната од овој фестивал, која и ден денес се врти по радиостаниците, почнав да го живеам мојот сон. Музиката е она што најмногу го сакам и затоа од срце им благодарам на сите кои ми ја дадоа најголемата поддршка. Следен предизвик ми се фестивалите „Охрид фест“ и „Макфест“каде повторно настапувам оваа година“, вели Анастасија.