Некои хороскопски знаци обожаваат лето и сонце, а некои со задоволство би побегнале од преголемите жештини и летните магии во некои од посеверните земји.
Еве како секој од хороскопските знаци ги поднесува жештините:
Овен
Ако на време не побегне од сонцето, прво ќе „експлодира“ неговото трпение, а ако во негова близина нема клима или вентилатор, тогаш е најдобро да ги пуштите на мир додека жештините не се ублажат.
Бик
Биковите се прави хедонисти, па нема да дозволат топлото лето да им застане на патот до уживањето. Можете да ги најдете под дебела сенка или во собата со клима-уредот како лежат испружени на софата додека го пијат својот омилен ладен пијалак пред телевизорот.
Близнаци
Исто така не ги поднесуваат баш најдобро летните горештини. Никако не им се излегува во текот на тие денови, па го викаат друштвото да дојде кај нив, но затоа вечерта и попријатната температура ја користат за одење на некоја забава.
Рак
Сензибитилните ракови тешко се прилагодуваат на високите температури поради кои стануваат раздразнети и нерасположени. Без разлика дали се наоѓаат на море, езеро или река, битно им е да се со семејството или добрите пријатели.
Лав
Самоуверените лавови добро ги поднесуваат жештините. Летото за нив е добра можност да го соблечат вишокот облека од себе и да ги покажат своите атрибути со кои се гордеат.
Девица
Во текот на летото најчесто ќе ги видите некаде во ладовина, скриени под голем шешир кои ги штити од сончевите зраци. Во тој момент, веројатно на себе ќе нанесуваат лосион за сончење со фактор 50. Сончањето за нив е губење време и голема опасност за здравјето.
Вага
Вагите ни сами не можат да се одлучат дали сакаат лето или не. Во еден момет ќе се жалат на високите температури, а потоа воодушевено ќе кажат дека летото им е најмило годишно време.
Скорпија
Скорпијата не сака директно сонце, но затоа ги сака летните ноќи кои освојуваат со својата сензуалност и таинственост. По природа, скорпиите се многу страствени, па летото за нив често е шанса за некоја авантура.
Стрелец
Едно е сигурно – стрелецот нема премногу да се жали на горештините, дури и кога му пречат. Обожава да патува, па ќе пронајде идеална дестинација на која на мир ќе се разладува.
Јарец
Со високите температури се справува со разладување. Кај него клима-уредот е клучен 24 часа на ден, а за секој случај работат и вентилаторите, а проблемот се појавува тогаш кога ќе му стигне сметката за струја.
Водолија
Ќе даде сѐ од себе да покаже зошто летото е најдобро годишно време. За водолиите летото е идеална шанса за целосно уживање на отворено во друштво на пријателите. Море, базени, водени паркови – водолијата е расположена за сѐ.
Риби
Нежните риби сакаат да уживаат во летото, топлиот самрак и опуштањето на плажа. Но, речиси секогаш летото го споредуваат со претходниот годишен одмор или летото кое било најпрекрасно некогаш. Носталгијата е дел од нивното доживување на секоја реалност, па така и од летната.