(Фото) Маријана и Росана повторно заедно, емотивна средба на скопскиот аеродром

Маријана и Росана повторно заедно. Емоции, прегратки, солзи….Маријана Новачевска, сестрата близначка на пејачката Росана Сариќ- Тодоровска, која долги години живее во Австралија, вчера пристигна во Скопје.  Емотивната средба од аеродромот  Маријана ја објави и на својот фејсбук-профил. Но, уште пред неколку дена Росана кажа дека ја чека сестра си да дојде од Австралија.

„Ајде уште малку. Те чекам сестро моја, душо моја, не спијам“, напиша Росана на Фејсбук пред неколку дена.  За песните на сестрите близначи и денес се зборува. Тие беа популарни на времето, во 80-тите кога настапуваа со  „Признавам“, „Стој“, „Едно срце имам душо“ , песни кои се евергрини.

Потоа Маријана замина во Австралија, а Росана продолжи со соло- кариерата. Маријана се омажи со Тоде Новачевски, композиторот на нивните песни, но по неколку години се разведоа. Последен пат Маријана во Скопје беше пред две години  на свадбата на нејзината внука Ивана, ќерката на Росана и на актерот Ѓорѓи Тодоровски- Трупче.

 

 

 

Scroll to Top