Бесплатен џоинт за кофа полна со отпад

На интернет кружи фотографија од Јамајка на која пишува ако од океанот извадите полна кофа со отпад, во замена ќе добиете еден џоинт. „Бесплатен џоинт за кофа полна со отпад”, пишува на лист хартија на кој е нацртан лист од марихуана, џоинт и сонце. Покрај натписот, на фотографијата се гледаа и тегла полна со џоинти, а во позадина е јамајканска плажа.

Сè уште не е познато кој ја покренал оваа акција, но сигурно е дека реакциите од интернет-публиката се одлични. Фотографијата се појавила на Редит пред два дена, но оттогаш се „преселила” и на другите социјални мрежи, каде корисниците со воодушевување ја споделуваат како пример за добра еколошка акција.

Scroll to Top