Емилија Розман, последната Мис на Македонија, ја скрати долгата коса и ќе ја донира во инситут во Холандија за од неа да се направи перика за децата болни од рак. Розман откри дека наскоро ќе ја испрати косата во Холандија, а ги повика и сите што сакаат да им помогнат на децата болни од рак да го следат нејзиниот пример, да ја скратат својата коса и да ја донираат.
„Дали знаете дека постои институт во Холандија каде што можете да ја пратите вашата коса во вид на донација? Тие изработуваат бесплатни перики стриктно за деца кои се борат со ракот“, напиша Розман на Фејсбук и ја објави и адресата на институтот каде што се праќаат донациите.
Не е првпат поранешната Мис да учествува во хуманитарна акција. Таа е дипломиран дефектолог и редовен крводарител, а работи и како волонтер во Црвениот крст.