Фолк-пејачката Сузана Гавазова има нов имиџ. Пејачката сега е бринета. Таа ја има скратено косата и има пуштено шишки. Со новата фризура се пофали на социјалните мрежи. Таа објваи фотографија во друштво на нејзиниот сопруг на кого му се допадна новиот имиџ на пејачката. И фановите коментираа дека пејачката изгледа убаво.
Ова не е прв пат Гавазова да експериментира со својот имиџ. Досега таа неколкупати го менуваше имиџот.
Гавазова по шест години живот во Шведска, заедно со семејството се врати во земјава. Со сопругот, Jасмин Курузовиќ и со ќерките Емили и Селена таа ќе живее во Скопје и ќе ја продолжи својата кариера и кај нас, но и надвор од земјава.