(Фото) Принцот Џорџ слави 6. роденден

Британскиот принц Џорџ денес полни шест години, а неговите родители по тој повод на социјалните мрежи објавија негови фотографии. Џорџ е најстариот син од трите деца на принцот Вилијам и неговата жена, војвотката Кејт Мидлтон.

На две фотографии кои ги снимила неговата мајка најмладиот член на кралското семејство се наоѓа во градината во Кенсингтон палатата во центарот на Лондон, додека на другата е на семеен одмор, пренесува „Ројтерс“.

На овој начин Кејт Мидлтон ја продолжи традицијата кога се во прашање фотографиите од нејзините деца. Таа често ги фотографира Чарлс, Шарлот и Луиз, а потоа фотографиите ги објавува во јавност, кога се во прашање важните датуми за кралското семејство.

Светските медиуми во последните неколку дена пишуваа дека принцот Џорџ ќе има роденден за паметење и дека неговите родители ќе се потрудат овој ден да му остане во најубаво сеќавање.

 

Scroll to Top