Хрватската пејачка Јосипа Лисац објави фотографии од нејзиниот одмор во Дубровник. 69-годишната Јосипа позира во костим за капење со долги ракави и ногавици, а изгледот го комплетираше со шешир и очила за сонце, па сликата ја објави на „Инстаграм“.
Од фановите на социјалните мрежи доби комплименти. „Кралица на стилот“, „Прекрасна“, „Секоја чест Јосипа“, се само дел од пофалбите што ги доби од своите обожаватели.
Медиумите за Лисац пишуваат дека зрачи со посебна енергија, без разлика дали е на сцената или не. Иако е на прагот од осмата деценија таа и понатаму изгледа убаво, инспиративно и заводливо.