Kралицата ѝ забрани на Меган да чува кучиња во палатата

Кралицата Елизабета ѝ забрани на својата снаа, војвотката Меган Маркл, да чува кучиња во Бакингемската палата, пишуваат британските медиуми. Меган веќе подолг период ги крши кралските протоколи, а кралицата сега реши да ѝ застане на патот и почна со одредени правила и забрани кои важат и за неа, но и за нејзиниот сопруг, принцот Хари.

Медиумите пишуваат дека Хари и Меган планирале да посвојат уште едно напуштено куче за нивниот син Арчи. Откако кралицата дознала за тоа, веднаш им ставила до знаење дека не сака животни во нејзиниот замок.

„Хари и Меган почнаа да работат во своите канцеларии во една од кралските куќи, а кралицата не сака да ѝ шетаат и живеат кучиња во близина“, вели извор од палатата.

Изворот вели дека Елизабета им кажала на внукот Хари и Меган дека нема ништо против слободата, но дека некои таа слобода треба да ја практикуваат во нивниот дом, а не во кралската палата.

„Кралицата ѝ кажала на Меган дека во нејзиниот дом таа може да прави што сака, но не смее да носи животни во палатата. Меган е очајна затоа што ги обожава животните и сака да ги посвојува“, додал изворот.

Ова не е првпат кралицата да одлучи да ја скроти Меган Маркл. Војвотката планирала да напише и мемоари, но Елизабета уште во старт ја забранила ваквата идеја.

 

 

Scroll to Top