Српската пејачка Лепа Брена на социјалните мрежи му го честиташе роденденот на нејзиниот сопруг Слободан Боба Живојиновиќ. Поранешниот тенисер вчера наполни 56 години.
По тој повод пејачката му упати неколку честитки и сподели фотографии од времето кога бил млад и ги освојувал тениските турнири.
„Среќен роденден срце мое! Шампион на животот“, напиша Брена на фотографијата на Боба.