Мик Џегер спиел со повеќе од 4000 жени, а сакал да стане политичар

Фронтментот на култниот бренд The Roling Stones, Мик Џегер, со пеење почнал да се занимава во раното детство. Неговиот бурен живот го одбележале музиката, дрогата и сексот. Се оженил два пати и има осум деца со пет жени.

„Се радувам што сите заедно ќе ги видам утре“, изјавил Џегер пред неколку недели, во пресет на неговиот концерт No Filter, на турнејата на легендарните Roling Stones.

Фронтменот на култниот бенд, неодамна направи операција на срце, поради што мораше да ја одложи турнејата. Сепак неуништивиот Џегер, како што го нарекуваат неговите блиски пријатели, на крајот на јуни, за прв пат по операцијата, во Чикаго се качи на сцената и по обичај ги воодушеви своите фанови.

Со своите песни и движења и специфичен глас, тој повторно ги освои обожавателите и го потврди својот статус на музички великан. Рокерската легенда вчера го прослави 76. роденден. Неговото цело име е Михаел Филип Џегер, и е роден во 1943 година во англискиот град Дартфорд.

Неговиот татко работел како учител, а неговата мајка била фризерка. Неговиот брат Крис исто така е музичар. Мик почнал да пее практично пред да научи да зборува. Интересот за музика го покажал од мали нозе. Пеел во црковен хор, а се запишал во гимназија. Подоцна се запишува на факултет во Лондонско школо за економија.

Тогаш сонувал дека еден ден ќе стане политичар или новинар. Истовремено развивал се подлабока и поцврста љубов кон музиката.

Гитаристот на бендот Кит Ричардс и Џегер се пријатели од мали нозе. Заедно оделе во основно школо.

„Се знаевме од детството, но се зближивме како тинејџери на железничкиот колодвор во Дартфорд. Мик носеше плочи од Муди Ватерс, блузер кој го обожавав“, изјавил Кит.

Се запишале во различни средни школо па нивниот однос се заладил на околу десетина години. Двајцата школски колеги случајно повторно се сретнале во 1962 година во воз. Сватиле дека имаат заеднички интерес кон рок и блуз музиката. Тогаш ја основале Roling Stones групата.

Првиот дебитанска песна Come on ја објавиле една година подоцна, а во 1964 година излегол нивниот прв дебитански албум The Rolling Stones. Џегер и Ричард тогаш биле само цимери. Живееле во трошен лондонски стан. Планетарната популарност која бендот ја стекнал низ годините, му донела на Џегер живот, каков што можел само да сонува.

Алкохолот, сексот, дрогата и рокот ја одбележаа неговата богата музичка кариера и бурен живот под светлото на рефлекторите. Двапати се женел, има осум деца, со пет различни жени, а веќе станал и дедо и прадедо.

„Мил е сексуален манијак и предатор. Постојано ме изневерува. Не можеше да му се помогне затоа што е зависен од секс“, го опишала неговата поранешна сопруга, манекенката Џери Хал.

Неговата терапевтка во едно од своите интервјуа изјавила дека пејачот е зависен од секс, нешто што му ја враќа енергијата и младоста.

„Не може да биде верен“, изјавила таа, а тогаш и самата со Џегер завршила во неговиот кревет.

Тој во една прилика признал дека спиел со повеќе од 4000 жени, меѓу кои и со Менди Смит. Му станала љубовница на 14 години. Кога наполнила 18, Џегер ја оженил, а потоа од неа се развел веќе следната година.

Денес Џегер вчера го прослави 76 роденден, а на своите настапи со посебен глас и стас сеуште ги развеселува бројните фанови ширум светот. Со бендот во рамки на No filter турнејата настапи во Денвер, Чикаго, Сиетл, Њу Орлеанс и голем број други градови. Денес бендот настапува во калифорнискиот град Глендале, а турнејата ќе ја завршат во Мајами.

 

 

 

Scroll to Top