(Фото) Кели Мекгилил нема да глуми во новиот „Топ Ган“, затоа што изгледа како да му е мајка на Том Круз

Актерката Кели Мекгилис нема да глуми во продолженито на „Топ Ган“ поради нејзиниот изглед. Таа денес е здебелена и многумина фанови коментираат дека изгледа како да му е мајка на Том Круз, поранешниот партнер од хит-филмот.

Кели која се прослави во улогата на инструкторката Чарли, прекинала да се грижи за килограмите. Повеќе ги нема русата коса, убавото лице и витко тело, со кои оствари голем успех во минатото.

Денес Кели вели дека малкумина можат да ја препознаат на улица.

Том Круз од друга страна остана ист како кога се појави со неа пред камерите.

„Годините си го направиле своето“, коментираат фановите.

Актерката вели дека изминатиот период се обидела да снима филмови, но никој не ѝ нудел работа. И велеле дека премногу се опуштила, а истовремено одбивала да оди на естетска операција.

Ретко се појавува во јавност и вели дека сега малкумина можат да ја препознаат. Во меѓувреме работела со наркомани, алкохоличари и ги подучувала младите глумци. Има прифатено улоги во неколку нискобуџетни филмови.

Досега Кели се има омажено два пати и има две деца. Во 2010 година признала дека е лезбејка.

 

Scroll to Top