Британските медиуми на големо пишуваат како Меган Маркл често ги крши кралските правила, нешто што ја излудува кралицата Елизабета II, но ретко кој знае дека со своето однесување, многу повеќе прашина подигнала нејзината свекрва, покојната принцеза Дајана.
Кога Дајана се омажила за принцот Чарлс во 1981 година, во катедралата Свети Павле во Лондон, таа одлучила да не го изговори зборот, кој подразбира дека ќе се покори на желбите на својот сопруг и дека ќе го слуша.
Од 1662 година, важеле правилата од англиканската „Книга за заеднички молитви“, односно завети кои истакнуваат дека жената ќе го сака, негува и слуша својот партнер, се до нејзината смрт.
Според текст од весникот „Њујорк Тајмс“ од 1981 година, принцезата Дајана била првата личност во британското кралско семејство, која не сакала да го изговори зборот obey, „покорувам“, за време на церемонијата на венчавката, што значи ека таа не сакала да се покори.
Таа често знаела да и пркоси на кралицата, а традиционалистите во кралското семејство, биле згрозени од нејзиниот потег, кој до ден денес крева голема полемика и расправа во врвот на кралското семејство.
Објаснувањето за овој чин е јасен. Принцезата не сакала јавно да испрати порака дека нејзиниот сопруг е доминантен во врската. Со тоа се согласил и принцот Чарлс.
Иако ваквото кршење на кралските традиции предизвика контроверзи во дворецот, но и во британските медиуми, со време се родило ново правило.
Овој збор не се најде ни во заветите на Кејт Мидлтон, за време на венчавката за принцот Вилијам, а не го изговорила ни Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, на принцот Хари.