Американскиот актер Кевин Спејси кој во изминатиот период беше во центарот на внимание поради обвиненијата за педофилија, во музеј во Рим рецитираше песна.
Акетрот ги изненади посетителите на музејот, рецитирајќи ја песната „Боксач“ од Габриел Тинти. Вработен во Националниот музеј во Рим, потврдил дека Спејси ја прочитал песната. Тој бил потпрен на една хелинистичка скулптура.
„Колку повеќе си ранет, толку повеќе си голем. Ме искористија само за да се забавуваат“, завршил Спејси.
Не е јасно што актерот сакал да постигне со ваквата негова постапка. Освојувачот на „Оскар“ е обвинет за повеќе сексуални напади и вознемирувања. „Нетфликс“ кој ја прикажува серијата „Куќа од карти“, во која Спејси глумеше, ја откажа соработката со него.
Обвинителот претходно овој месец ги отфрлил обвинувањата против Спејси за сексуален напад.