Заменик-министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски, беше во кафеана во друштво со претседателот на кошаркарската федерација на Македонија, Перо Антиќ. Дека се во добро расположение, покажа и на видото што осамна на социјалните мрежи. Антиќ ја пее познатата српска песна „Ѓурѓовден“ и како поранешен играч на „Црвена ѕвезда“ му вели на Жерновски, кој е „партизановец“: „Андреј, гробару…боли, боли“, мислејќи на вечното ривалство помеѓу Партизан и Ѕвезда. Колку за потсетување, вчера се играше фудбалскиот натпревар помеѓу Црвна Ѕвезда и Копенхаген, а белградскиот клуб победи на пенали.
https://www.facebook.com/ekonomskilider/videos/503879833711798/?v=503879833711798