Во некои од бележниците на педофилот Џефри Епстајн, кој неодамна се обеси во својата затворска ќелија, се споменуваат имињата и броевите од телефоните на Доналд Трамп, Бил Клинтон, Ехуд Барак, Алек Болдвин, Рејф Фајнс, Мик Џегер, па дури и Кортни Лав, поранешната сопруга на фронтменот на „Нирвана“ Курт Кобејн.
Истражувачкиот новинар Ник Брајант, во интервју за „Ванти фер“, изјавил дека Епстајн околу себе имал поврзана цела мрежа на познати личности.
„Неговите социјални контакти биле како мозаик“, изјавил Брајант, говорејќи за црните белешки на Епстајн во кој биле напишани голем број информации кои би можеле да отворат уште многу други истраги.
Брајант вели дека успеал да го купи тефтерот од домашниот помошник на Епстајн за 50.000 долари во 2012 година, три години откако весникот „Дејли Мејл“ пишувал за него. Тоа што најмногу го вознемирило во целата приказна е фактот дека за Бил Клинтон во неа пронашол 22 телефонски броеви, а тоа било само врв во ледениот брег, затоа што домашниот помошник на Епстајн, во него забележал многу повеќе имиња од светот на политиката, филмот, уметноста и јавниот живот. Меѓу броевите на телефоните, се наоѓале и контакти од жртвите, кои Брајант на крајот ги контактирал.
„Почнав да им вртам на жртвите. Тоа беа макотрпни разговори. Некои броеви не беа достапни, но имаше такви на кои девојките се јавуваа и тие во разговорот ми потврдија за она за кое јас се сомневав. Епстајн беше на чело на голема мрежа“, вели Брајант, додавајќи дека имал доста потешкотии приказната да ја продаде на уредниците, затоа што сите биле сомничави кон неговите тврдења. Поединци оделе толку далеку што го направиле Брајант дека е луд.
Му велеле дека сето тоа е плод на неговата теорија на заговор. За негова среќа, Брајант имал докази и водел белешки. А во раце имал голем број на полициски и ФБИ извештаи.
Приказната конечно ја објавил во 2015 година, кога Епстајн повторно се појавил во медиумите. Порталот „Гавкер“ решил да му даде шанса и решиле да ја објават неговата приказна. Денес оваа приказна е главна вест во сите централни медиуми ширум светот.
Според Брајант, Епстајн лично се дружел со „боговите на Олимп“, односно со највлијателните имиња во денешниот џетсет. Во прилог на тоа говорат броевите на телефоните на Бил Клинтон, како и повеќепати заокруженото име на Доналд Трамп, Ехуд Барак во книгата во која се споменува и името на еден од најдобрите адвокати во Америка, Алан Дершовиќ.
Во првиот брак на обвинувања, тефтерот бил оспоруван поради веродостојноста на домашниот помошник на Епстајн, односно фактот дека тој сакал да го продаде истиот.
Во тефтерот се споменуваат и имиња на некои поранешни американски сенатори, но и оние кои немаат никаква врска со злоставуваните малолетнички. Поради сите наведени работи во тефтерот, истиот може да послужи како хронологија на животот на Епстајн, се до неговото апсење на почетокот на оваа година и сведочењето за неговата врска со познатите и моќни луѓе.
Бидејќи интервјуто е направено во јуни оваа година, месец дена пред самоубиството на контроверзниот педофил, Брајант навел дека ако Епстајн проговорел и се согласел да ги предаде имињата на сите корисници на неговите услуги, тоа би повлекло многу моќни луѓе, како и тоа колку Министерството за правосудство на Америка е подготвено да го реши овој случај до темел.
Три години подоцна, кога Епстајн повторно се вратил во жижата на јавноста, по обвинувањата дека и британскиот принц Алберт спиел со една од неговите девојки, за кои се тврдело дека лично ја купил од контроверзниот милионер, Брајант објавил податоци од тефтерот на сајтот „Гавкер“, само со изменети телефонски броеви.
Брајант во тој текст посебно обрнал внимание на имињата кои поранешниот домашен помошник на Епстајн, ги заокружувал како сведоци, меѓу кои се наоѓаат и имињата како сегашниот претседател на Америка, Доналд Трамп и поранешниот израелски премиер Ехуд Барак. Во одвоен текст исто така напишан за „Гавкер“, Брајант ги објавил и имињата на оние кои патувале со приватниот авион на Епстајн, кој бил познат под името „Лолита Експрес“.