Американската пејачка Тејлор Свифт вели дека е иритирана од Леонардо ди Каприо и начинот на кој тој ги избира своите девојки. Познато е дека актерот отсекогаш бил слаб на млади убави манекенки. Светските магазини пишуваат дека Лео никогаш немал девојка постара од 25 години.
На секоја од поранешните им раскинувал кога ќе ја надминеле оваа граница. Тејлор е позната по тоа што често ги посветува своите песни на поранешните дечковци. Неодамна таа ја објави песната The Man, во која пее за познатиот актер и оскаровец Леонардо ди Каприо.
Свифт во песната пее за двојните стандарди меѓу мажите и жените и љубовниот живот на актерот.
„Како е да се фалиш со пијалоците и доларите, освоените модели? Ако јас се фалам со своите долари, тогаш би била кучка, а не фраер. Би ме окарактеризирале како лоша личност. Во ред е што сум бесна“, пее Тејлор во песната.
Пејачката и самата во една прилика признала дека на почетокот на кариерата не го забележувала сексизмот.
„Кога бев тинејџерка, слушав како луѓето зборуваат за сексизмот во музичката индустрија, а јас ќе се замислев како тоа не можам да го видам. Не разбирав тогаш. Сега сватив дека тоа е затоа што сум била дете. Мажите во оваа индустрија ме гледаа како дете. Бев возбудено девојче кое повеќе ги потсетуваше на некаква внука или ќерка, отколку на успешна жена или колешка. Оние моменти кога станав жена во перцепцијата на другите, тогаш почнав да го забележувам сексизмот. Во ред е да се инфантилизра успехот на некои девојки и да се каже: „Како е слатко што има хит песна. Колку е убаво што пишува своја песна“. Но, кога тоа им стана неверојатно? Веднаш откако почнав да настапувам на стадионите, кога почнав да изгледам како жена. Повеќе не им бев кул“, вели Тејлор.
По ваквите изјави на Тејлор, фановите коментираат дека не ги зачудува тоа што пејачката му посветила песна на најголемиот швалер во Холивуд.
Ди Каприо е маж кој има свој тип на жени. Судејќи според досега виденото, девојката со која излегува, не смее да има ниту една брчка на лицето кога ќе се насмее. Лео е познат по тоа што во слободното време се дружи со интелектуалци, ја спасува околината и лобира за политички цели.
Секогаш на премиерите доаѓа со неговата мајка, Ирмелин Инденбиркен. За неа секогаш вели дека е чудо од жена. За концептот брак и деца не сака премногу да размислува. Прво излегувал со топ моделот Жизел Бундшен, денес сопруга на Том Брајди. Ди Каприо имал само 25 години кога првпат излегле.
По Жизел, Лео на 31. година почнал да изегува со израелската манекенка Бар Рефаели. Нивната врска траела речиси шест години. Сè до нејзиниот 25. роденден, кога улетала 25 годишната Блејк Лајвли.
Лео имал 37. години, а Блејк само 25. Можеби тоа е причината зошто аферата траела само 10 месеци. Блејк веќе е во долг брак со актерот Рајан Рејнолдс. Нешто помалку од една година, Лео излегувал со манекенката Ерин Хетертон, која имала 22. години. Две години Лео излегувал со 20 годишната Тони Гарн, исто така топ-модел.
Тогаш една година минал со 25 годишната Кели Рорбах. Следните две години бил со Нина Адгал, која ја запознал кога имала 24 години, а ја оставил кога почнала да ја навршува 25 и да наполни 26 години.
Сега Лео излегува со аргентинската манекенка и актерка Камила Мороне, која ја запознал кога навршила 20. години, а веќе две години двајцата се заедно. Таа биа и првата бринета со која тој излегувал. Судејќи според сè, таа има уште максимално четири години среќа.