(Фото) Бриџит Макрон направи операција на лицето, првата дама се подмлади

Сопругата на францускиот претседател Емануел Макрон, Бриџит денеска се појави во јавноста видно подмладена. Француските медиуми пишуваат дека таа била во посета на клиниката American Hospital of Paris, каде имала закажани консултации со лекарите, кои подоцна ја советувале дека може да направи вистинска трансформација.

Последен пат во јавноста Бриџит е видена во придружба на сопругот Емануел Макрон, на традиционалната воена парада во Париз во склоп на одбележувањето на Денот на падот на Бастија.

Само два дена по парадата, како што известиле француските медиуми Бриџит Макрон стигнала во клиниката. Медиумите известуваат дека операцијата траела околу три часа, а дека од клиниката сопругата на Макрон излегла блексајќи.

Денес Бриџит е видена во Париз, а јавноста, медиумите, коментаторите велат дека не може, а да не се забележи видната разлика на нејзиното лице. Општиот заклучок е дека зафатот успеал. Се зборува и дека Бриџит со овој потег се одлучила за да го намали коментирањето во јавноста дека е 24 години постара од сопругот.

 

Scroll to Top