Францускиот претседател Емануел Макрон одговори на навредите на неговиот бразилски колега Жаир Болсонаро, кога на „Фејсбук“ го коментираше изгледот и годините на неговата сопруга Брииџт.
Макрон вели дека денес сите жени во Бразил се срамат од својот претседател и дека постапката на Болсонар е големо непочитување кон неговата жена Бриџит.
Навредите на Болсонар стигнаа откако Макрон го обвини дека тој лаже во врска со пожарите настанати во Амазонија и промената на политиките кон климатските промени.
„Не понижувајте го човекот хахахаха“, одговорил Болсонаро осврнувајќи се на изгледот на Бриџит Макрон и споредувајќи ја со неговата 37-годишна сопруга Мишел.
Медиумите и корисници на социјалните мрежи, поради ваквиот негов испад, го нарекоа Болсонаро сексист. Макрон изјавил дека тоа е тажно што го прави бразилскиот претседател, како за него, така за сите луѓе во Бразил.
„Затоа што гајам голема почит за народот во Бразил, се надевам дека наскоро тие ќе имаат претседател кој е соодветен и одговара за таа работа“, изјавил Макрон.
Францускиот претседател, како што пренесува агенцијата „Асошиејтед прес“, се заканил дека ќе го блокира договорот на ЕУ со Бразил и другите држави на Јужна Америка, поради пожарите кои беснат во Амазонија, поради тоа што, како што навел, лагите на бразилскиот претседател во врска со уништувањето на шумата.
Во јули Болсонаро го откажал состанокот со францускиот шеф на дипломатијата и заминал да се потстриже. Откако ја презел претседателската функција во јануари, Болсонаро се противел на примената на прописите за заштита на животната средина и објавил дека има намера да го развие регионот во Амазонија, најголемата прашума во светот.