23-годишниот Коди Ли, слепо момче со аутизам, ќе пее во финалето на популарното музичко шоу „Америка има талент“. Тој со своето емотивно пеење го крена на нозе жирито и ја воодушеви публиката. Коди во полуфиналето ја пееше песната You Are The Reason, за која рече дека му е една од омилените.
Коди од самиот почеток е еден од милениците на публиката, но и на жирито, во кое членуваат Сајмон Кауел, глумиците Габриел Унион и Џулен Хоуг, и Хауи Мендел. Сајмон, кого јавноста го знае како еден од најстрогите музички критичари, го пофали Коди за одличното пеење и му рече дека не смее да престане да се занимава со музика.
„Мило ми е што ја избра оваа песна. Таа свиреше во позадина на аудициите кога од Габриел доби ‘златен глас’ и помина директно понатаму“, му рече Кауел на Коди.
Финалето на „Америка има талент“ ќе се одржи на 18 септември.