(Фото) Пенелопе Круз во џинс што визуелно ги издолжува нозете

Во текот на фестивалските денови на Венецискиот филмски фестивал, ѕвездите покрај тоа што ги гледаме во гламурозни изданија на црвениот килим, го привлекуваат вниманието на јавноста и со нивните лежерни, дневни изданија, надвор од официјалната програма.

Прекрасната 45-годишна актерка Пенелопе Круз, деновиве беше забележана во едно опуштено, но урбано издание- џинс што визуелно ги издолжува нозете и е одличен избор за пониските девојки.

Се работи за модел во „ѕвонеста” форма, што сезонава повторно е популарно.

Во комбинацијата на Пенелопе, џинсот е стилизиран со кратко црвено сако и Шанел чанта, што е една варијанта како може да ги комбинирате.

 

Scroll to Top