„Не правев свадба, ама од прв ден знаев дека Цобе ќе биде татко на моите деца“- Катарина Ивановска искрено за љубовта и кариерата

„Кога на 16 години прв пат дојдов во Њујорк, почна мојата модна приказна. И денес, дома се смееме, дека мојата постара сестра, тогаш со своите дури 24 години, дојде со мене за да ме чува таму.  Но, не беше сè така лесно. Морав да се вратам во Скопје за да завршам средно. Мајка ми ќе се јавеше да ми вика: ‘Ама ајде не ме брукај тука, пред професорите, доаѓај треба школо да учиш’, а од друга страна овде ме бараа за насловна на „Вог“. Завршишв школо, ама сликав и за „Вог“. Потоа, останав 10 години да живеам во Њујорк“- вака некако топ-моделот Катарина Ивановска, раскажува за почетоците на својата кариера.

И денес со задоволство се сеќава на светските модни недели, но и на ревиите кога ги носеше најпознатите светски брендови.  Таа е скоро во деветиот месец од бременоста и го чека раѓањето на своето второ дете. Изгледа одлично. За тоа како го одржува телото и кои се идеалните комбинации на храна за да не се здебелите, за љубовта со Цобе, за тоа како ја побара за жена и зошто не склучија граѓански брак, за синот Вања, за животот во Њујорк и се што се случува зад модните писти…гледајте го интервјуто.

Александра Георгиев 

Scroll to Top