Светската актерка Џенифер Анистон во февруари наполни 50 години, а магазинот In Style пишува дека таа и денес изгледа како од тинејџерските години и дека со право две години го носеше епитетот за најубава жена во светот. Магазинот People ја прогласи Анистон за најубава жена во светот во 2004 и 2016 година.
Фотографиите од едиторијалот за новиот број на магазинот In Style докажуваат дека актерката веќе со децении изгледа исто.
Анистон во интервјуто открива дека нејзината мајка уште во раните години ја учела на најважните работи за една дама. Џенифер за својата убавина ѝ е благодарна на мајка ѝ, која уште во тинејџерските години ѝ препорачла крема за лице која ја користи и денес.
„Кога имав 15 години, мојата мајка ми рече дека морам да почнам да водам грижа за хидратацијата на кожата и од тогаш секојдневно користам хидрантна крема за лице“, вели Џенифер.
Актерката вели дека сега има армија на луѓе кои се грижат за нејзиниот изглед и кожа, но убедена е дека нејзиниот младолик изглед најмногу се должи на кремата од тинејџерските денови, која ѝ ја предложила мајка ѝ.