По албумот „Град за љубов“ со поп-џез музика, Дани Димитровска, сними ново видео.
Новата рок-тема носи наслов „Четири ѕида“ . Автори се Весна и Кирил Бабамови.
„Четири ѕида” е емотивен расказ во мелодија, споделено искуство, исповед. Преживеани изџвакани комуникации барем еднаш во животот помеѓу партнери, родители и деца, брат и сестра, кој како ќе се пронајде. Секогаш се пронаоѓаме кога зборуваме вистина. Љубов е суштината. Секогаш. Во секоја песна, па и во оваа“, вели Дани.
За новата песна Дани сними и интересен видеоспот зад кој се потишува Пеце Здравковски и Ѓорѓи Вацев.
Дани неодамна се врати од Каиро каде одбележа 12 години активна работа како UN Celebrity Ambassador во доменот на ширење свест за човечките права. 2019 година е јубилејна за Дани. Во март својот солистички концерт во Македонска филхармонија го посвети на 20-те години музичка кариера.