Поп-пејачката Аделина Тахири и нејзиниот сопруг, адвокатот Серјожа Марков, организираа гламурозна забава за првиот роденден на нивниот син Јон. Многу луксуз, музика, шампањско и сино-бела торта на пет ката. На роденденската журка имаше многу јавни личности, нивни роднини и пријатели. Забавата за роденденот на Јон се одржа во скопската населба Злокуќани, каде што живеат тие, и траеше до раните утрински часови. Неколку бенда пееја во живо, но вистинската забава ја направи српскиот пејач Џеј, ни открија нивни блиски. Аделина носеше бел светкав фустан, за кој доби многу комплименти.
За потсетување, Аделина и Серјожа пред да се решат за брак беа подолго време во врска. Но, претходно, тие биле пријатели. Таа раскажа дека тој цела година ја молел да излезат на кафе. По кафето, конечно биднала и љубовта, а сега се веќе две години во брак. Ова е прв брак за Тахири, а втор за Марков. Тој има две деца од првиот брак.
Фото: Инстаграм