Брат и сестра по 60 години се пронашле преку „Фејсбук“

66-годишниот Алан, кој цели 60 години не ја видел својата поголема сестра Маргарет, ја пронашол преку „Фејсбук“, пишуваат британските медиуми. Откако нивните родители се развеле во 1950те години, Маргарет останала во Шкотска со нејзината мајка, а Алан и нивниот брат Стјуарт се преселиле во Англија со таткото.

Родителите ги прекинале сите врски, па сестрата и браќата немале никаков контакт цели 60 години. Но, велат, никогаш не се заборавиле. По низа неуспешни обиди да ја пронајде својата сестра, Алан објавил слика на „Фејсбук“, една од последните заеднички пред разводот на родителите. Фотографијата дошла и до Маргарет, која исто така се обидувала да ги пронајде браќата.

Братот и сестрата се сретнале брзо потоа и имале емотивна средба на аеродромот во Лондон. Алан сега повторно ја видел и својата мајка, која денес има 88 години.

Scroll to Top